Проектот УГД 360 започна во 2012 година со изработка на 3Д модели на составните единици на Универзитетот „Гоце Делчев“. Главната цел беше сите оние кои не се во можност да ја видат инфраструктурата на УГД тоа да го сторат на овој виртуелен и модерен начин. Од тогаш до денес овој проект се зголемуваше и унапредуваше како што растеше инфраструктурата на самиот Универзитет. Денес може да се пофали со низа објекти, лаборатории, наставни центри, административни објекти, спортски и културни објекти кои се гордост на Универзитетот и достигнувањата во изминатите неколку години.
Проектот овозможува неколку работи:
Технологијата која се користи за овој проект се заснова на компјутерската теорија на обработка на слики и препознавање на детали со цел да се изврши панорамско поврзување на фотографии снимени од различни последователни кадри. Приказот на крајниот резултат е во Adobe (Macromedia) Flash, па во тој контекст неопходно е крајниот корисник да има инсталирано Flash Player за прегледување на панорамите.
Одржување на УГД 360
Борче Јаневски | Стојанче Спасов / Stojance Spasov |
Центар за електронско учење
Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап
© 2015 - Универзитет „Гоце Делчев“, Штип | powered by: ДРОП - Лабораторија за дигитални ресурси и отворен пристап | » Spasov S. «